Акутната“ фаза на пандемијата со корона вирус ќе се заврши во 2022 година, предвиде на својот блог основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс. Но, тој, „омикрон“ варијантата на короната ја нарече „загрижувачка“.
„Можеби не е паметно да ги предвидувам работите, но мислам дека акутната фаза на пандемијата ќе биде готова во некој момент во 2022 година“, напиша милијардерот на својот блог.
Фармацевтските компании во минатото имаа големи проблеми да ги продадат своите вакцини за грип, затоа што имаа релативно ниска ефикасност, во споредба со другите вакцини, заради тоа што научниците мораа да предвидуваат кој вид на вирусот ќе биде превалентен во одредена година.
Гејтс, меѓутоа, има цврст став кога станува збор за терапиите, и истакнува дека фармацевтскиот гигант „Мерк“ неодамна добил одобрени од ФДА за својот антивирусен лек „молнупиравир“, кој се препишива на лица со висок ризик од тешка слика на корона. Оваа таблета „значително ги намалува шансите за хоспитализација или смрт од ковид“, напиша тој.
Тој признава дека, и покрај масовната примена на вакцини против ковид-19 ширум светот, повеќе луѓе починале во 2021 отколку во 2020 година, и додава дека подобрувањето на состојбата оваа година не било „драматично, како што се надевал.
Инаку, богатството на Гејтс за време на пандемијата се зголеми на 137 милијарди долари. Според „Форбс“, тој е четвртиот најбогат човек на светот.
Милијардерот ја нарече појавата на „омикрон“ видот на корона „загрижувачка“, но нагласува дека „светот е подобро подготвен за борба против потенцијално опасните варијанти“ отколку што беше.
Инаку, јужноафриканските научници кои го открија „омикрон“ видот тврдат дека симптомите на болеста предизвикани со овој вид на вирусот главно се благи.