Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.028 тестирања, а регистрирани се 361 нов случај на ковид-19: Скопје – 166, Прилеп – 41, Битола – 30, Кавадарци – 22, Кочани – 14, Куманово и Велес – по 12, Тетово – 8, Гевгелија – 6, Неготино, Радовиш и Делчево – по 5, Кичево, Берово, Валандово и Македонски Брод – по 4, Струмица – 3, Гостивар, Штип, Охрид, Богданци и Пехчево – по 2, Крива Паланка, Пробиштип, Кратово, Демир Хисар, Крушево и Дојран – по 1.
Регистрирани се 433 оздравени пациенти од: Скопје – 182, Битола – 37, Прилеп – 32, Куманово – 23, Штип – 21, Кавадарци – 20, Гевгелија – 14, Тетово – 13, Струмица – 11, Велес и Делчево – по 10, Кочани – 8, Крива Паланка – 6, Берово и Охрид – по 5, Неготино, Радовиш, Валандово и Македонска Каменица – по 4, Македонски Брод и Кратово – по 3, Кичево, Богданци, Демир Хисар, Виница и Демир Капија – по 2, Крушево, Дојран, Свети Николе и Ресен – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: 4 починати лица од Скопје (61г, 71г, 71г и 83г), 3 починати лица од Битола (70г, 74г, и 84г) и едно починато лице од Куманово (47г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 7 починати лица со датум на смрт од 26.11.2021 до 08.12.2021. Регистрираните починати лица се од Тетово (3), Скопје (2) и Гостивар (2). Починатите лица се на возраст од 47 до 88 години. Четири лица се починати во домашни услови, а три лица се починати во болнички услови.