Некогашниот освојувач на златен медал од Европските првенства во младинска, јуниорска и кадетска конкуренција со Србија, кој своевремено важеше и најталентиран кошаркар кај северниот сосед, прво физички нападна таксист, од кого потоа му го украл автомобилот и се упатил кон градинката во која работела неговата мајка. Таму продолжил да дивее и да прави хаос, поради што морала да реагираат полицајците, кои едвај успеале да го смират.
Ова е втор сличен инцидент на Лабовиќ, кој беше приведен и пред две години, поради сомнение дека пијан направил хаос на базен во Белград. По испиена голема количина пива, почнал да ги крши празните шишиња, да пцуе и навредува 25-годишно момче, на кого му се заканувал дека ќе му ја запали куќата.
Високиот центар дресот на Карпош Соколи го носеше во сезоната 2016/17, кога клубот играше во АБА-лигата и дојде до пехарот во Купот на Македонија.