Професор Дејан Трајковски во својата најнова ковид анализа потенцира дека новиот сој омикрон во Македонија ќе пристигне пред новогодишните празници.
“Како што покажува ефективниот репродукциски број Rt = 0,88 ± 0,24, кошто веќе е прилично под единица, намалувањето на дневните броеви се одвива релативно добро, особено како за доцна есен, сезоната на респираторни инфекции. Радува фактот што се намалува и стапката на позитивни тестови (на вториот дијаграм), иако последниот седумдневен просек сé уште е прилично висок, со околу 13,4%. Прележаноста си го прави своето, па некако го издржавме и врвот на заразувањето поради отворањето на ноќните клубови и баровите (вториот врв на портокаловата линија на третиот дијаграм).
Да уживаме во намалувањето на дневните броеви на нови случаи (како и на починатите, чиј број веќе го премина максимумот и се наоѓа во надолна патека) уште еден месец. До тогаш ќе знаеме повеќе и за преносливоста, но и за отпорноста кон вакцините и реинфекциите кај прележаните поради Омикрон сојот, па ќе правиме нови сценарија“, напиша на Фејсбук проф. Трајковски.