Двајца починати пациенти на 85-годишна и 53–годишна возраст се пријавени од лекарите до Агенцијата за лекови МАЛМЕД, за испитување за можна поврзаност на нивната смрт со приемот на вакцина против Ковид. Станува збор за сомнеж за пријава на смрт на 53-годишен маж лице после примена „Фајзер“ , која била регистрирана во септември и 85-годишен маж после примена вакцина на „АстраЗенека“, пријавата е во април. Податоците беа презентирани на денешната онлајн средба на новинарите со Хаџихамза и в. д директорот на МАЛМЕД Љирим Шабани, во организација на НВО Инфоцентарот.
„И двата случаи се пријавени од доктори, според законот, 24 часа после смртта. Едното лице починало после 2 недели од примањето на вакцината. Апелирам дека ова не се конечни и официјални податоци. Бидејќи, кога ќе се употреби вакцина, ако се појави реакција, не значи дека е последична реакција од вакцината. Постојат голем број параметри кои треба да се испитаат, од што боледувало лицето претходно, каков живот имало, какви лекарства примало. Се прави комплетна обработка за да се докаже дали е навистина смртта поврзана со употребата на вакцината. Едниот починат имаше голем број коморбидитети“, појасни Хаџихамза.
Во Агенцијата за лекови, како што рече Шабани, досега, после примена ковид вакцина се стигнати 133 пријави на несакани ефекти од лекари, 88 од фармацевти, 10 од други здравствени работници и 13 се стигнати од граѓаните.
„Најчесто, во голема мера, несаканите ефекти од сите вакцини се точно наведени во самото упатство на производителот, како: главоболка, гадење, вртоглавица, болка во рамо, во екстремитет. Дополнително, Европската агенија за лекови (ЕМА) утврди и тоа сите го наведовме, дека е несакан ефект и очекуван во ретко случаи, миокардит после примена вакцина на ‘Фајзер’“, кажа Шабани.