Францускиот независен новинар Ромa Молинa на Твитер изнесе неверојатни тврдења за криминал во ФИФА, во Францускиот фудбалски сојуз и во фудбалот воопшто, од местење на натпревари до сексуална злоупотреба и педофилија.
Молина е соработник на некои од најголемите светски медиуми како Гардијн, Њујорк Тајма и Би-Би-Си, тој тврди дека неговите истраги резултирале со исфрлање на 11 тренери и службени лица од спортот за злоставување на малолетници и посочува дека некои медиуми одбиле да ги објават неговите тврдења бидејќи се „премногу жешки” .
Еден од инцидентите е тој со францускиот репрезентативец Ферланд Менди, за кого Молина тврди дека во 2018 година претепал една девојка и ѝ го покажал пенисот. Лион го заташкал инцидентот за да не ја загрози неговата продажба во Реал Мадрид.
Молина во четвртокот вечерта тврдењата ги изнесе на Твитер, а некои од запрепастените слушатели сето тоа го превеле на англиски и го објавиле на Редит.
Ова се само некои од тврдењата на Молина.
1. Силување на млади фудбалери кое трае 20 години
Повеќе од 400 фудбалери кои во моментов играат во Премиер Лигата, во Првенството, Лига 1 и Лига 2 како помлади биле повеќе пати жртви на силување. Некои се здобиле со анални повреди и/или болести и затоа морале да посетуваат специјализирани клиники. Тоа е проблем што трае две децении. Првата приказна излегува во декември.
Клубот од Лига 1 го заташкал педофилскиотт скандал во подмладокот, така што извршиле притисок врз момчето пред почетокот на истрагата и потоа го испратиле назад во неговата земја.
Една од најголемите академии во ДР Конго ја водат педофили.
Илиј Вахи, напаѓачот Монпелје, беше исфрлен од фудбалската академија Сина (Caena), бидејќи принудувал момчиња да мастурбираат пред него. Клубот официјално го истера поради удирање на еден од надзорниците.
Леонардо е неподнослив и омразен
Меѓународниот тренер беше фатен како силувал две 13-годишни девојки за време на турнирот. Неговиот работодавач, еден голем медиум, го отпушти во 2017 година, наведувајќи други причини. Во прикривањето на причините учествувала многу омилена позната личност.
Некои меѓународни натпревари во Азија се наместени. Затоа многу играчи престанаа да играат за репрезентацијата.
Повеќе од 100 вработени во ПСЖ си заминаа во текот на минатата година поради однесувањето на Леонардо.
Францускиот репрезентативец организирал забави на кои врши нужда во устата на некои жени против нивна волја и тоа го снимал. Молина вели дека му понудиле да го погледне видеото, но тој одбил.
Масовните медиумски напади на Светското првенство во Катар се политички мотивирани и финансирани од луѓе и организации кои ѝ посакуваат зло на таа земја.
Поранешниот француски репрезентативец шверцувал дрога и други производи во друга земја, а од законот го спасил претседателот на клубот.
Сојузот Сиера Леоне фалсификуваше ковид тестови за време на пандемијата. Постои сомневање дека тоа го правеле и други, но сè уште не е потврдено.
Молина изнесе и низа скандали од африканскиот фудбал, местење натпревари во разни делови од светот, користење на опијати меѓу играчите во Премиер Лигата.
Тој рече дека по сите овие објави, мора да се сокрие на некое време, но исто така, кажа дека ова е само вовед на тоа што ќе го објави напролет.