„Замислете дека сте доктор и велите дека вакцините не делуваат“.
Најлошо од се, има лекари кои го делат тоа мислење. Ним на Твитер им се обрати младиот научник од Минхен, Алмир Аљовиќ.
„Замисли, ти си лекар и кажуваш дека ‚на вакцината не и се потребни дополнителни дози“. А еве како е со другите вакцини: Хепатитис Б – три дози, Ротавирус – три дози, DtaP – пет дози во некои земји, Hib – 3/4 дози, Пневмокок – 4 дози, Полио – 3 дози, Грип – годишно“, напиша Аљовиќ.
Вакцината против грлото на матката се дава во три дози
И епидемиологот Томислав Радуловиќ за Блиц.рс потврдува дека борбата против вирусот во две или повеќе дози вакцини не е нова. Како што вели, во САД и во Западна Европа на децата им се дава барем една вакцина повеќе отколку кај нас.
„Тоа е, пред сè, вакцина против хуманиот папилома вирус, кој во 98 отсто од случаите предизвикува рак на грлото на матката. Девојчињата од седум до девет години ја примаат оваа вакцина во две дози, а постарите во три“, нагласува Радуловиќ.