По завршување на квалификациите за Светското првенство, Македонија ја има историската шанса првпат да игра во бараж за пласман на Мундијалот, но патот е тежок.
Бидејќи УЕФА ги смени правилата за пласман на СП за овој циклус, сега како второпласирани во групата ќе мораме да победиме во два меча во март ако сакаме да одиме во Катар. Бидејќи не сме носители, односно репрезентации кои биле второпласирани освоиле повеќе бодови од нас, првиот меч го играме на гости со еден од следните противници: Португалија, Италија, Шкотска, Русија, Шведска или Велс.
По ова полуфинале следува друг меч со уште еден противник од баражот, но овојпат ќе има ждрепка каде ќе се игра мечот. Дуелите ќе се играат на крајот на март.
За Македонија има два идеални противници Шкотска и Велс, селекции кои се далеку од лесни, но многу полесни во ситуација кога два великани и последни два европски прваци како Португалија (Еуро 2016) и Италија (Еуро 2020) се можни ривали.
Шведска и Русија, пак, селекции кои традиционално нѐ ни лежат, но на патот кон Мундијалот секако мора да се помине некоја исклучително тешка пречка, а секаки, овие две селекции се подобра варијанта за црвено-жолтата чета на Благоја Милевски во споредба со „европските Бразилци“ или „аѕурите“.
Покрај Македонија во групата на неносители се уште и Турција, Полска, како и Украина која со триумфот со 2-0 против БиХ се протна во баражот, по поразот на Финска од Франција со 0-2.
Австрија и Чешка се последните две селекции во баражот кои влегуваат како најдобри од последната сезона од Лигата на нации.
Ждрепката е на 26 ноември.
Фото: ffm.mk