Експертот за многу опасни инфекции, рускиот имунолог Владислав Жемчугов, открива што може да се случи со коронавирусот во иднина.
-Експертите предвидуваат понатамошни варијанти во еволуцијата на Ковид 19, меѓу другото, врз основа на сознанијата за развојот на други вируси, истакна тој.
„Атипична пневмонија САРС и МЕРС (Блискоисточен респираторен синдром) едноставно не постојат, никој не може да ги најде, тие исчезнаа. Тие немале мутации што би им овозможиле да продолжат да живеат. Мислам дека тие едноставно исчезнаа во природата“, рече Жемчугов.
Постои уште една варијанта на еволуцијата на вирусот: за време на мутацијата може да ја изгубат агресивноста и да се населат во организмот на некои животни, без да им нанесат никаква штета, продолжи докторот.
„На пример, истото може да се каже и за вирусот ебола. Тој не ги убива големите лилјаци во кои живее, а нивниот имунитет не го уништува вирусот. Меѓутоа, доколку човек дојде во контакт со крвта на носителот на вирусот, почнуваат симптомите на болеста, па започнува епидемија предизвикана од вирусот ебола“, објасни експертот на темата многу опасни инфекции.
Лекарот смета дека коронавирусот има три варијанти на развој.
-Првата варијанта е дека корона вирусот САРС-КоВ-2 може да најде нов сопственик, со кого ќе постигне „имунолошки консензус“. Друга варијанта е дека може да исчезне, како и САРС и МЕРС. Третата и најлоша варијанта за човештвото е тоа што кај луѓето секогаш ќе биде како паразит, како втората варијанта на вирусот грип“, објасни Жемчугов, во интервју за „Спутник“.
Вакцинацијата останува најсигурната заштита од коронавирусот.