Како главен виновник за загадениот воздух во Сараево е прогласена една тамошна Кебапчилница.
Имено, на седницата на која се презентирале информации за квалитетот на воздухот во Сараево, еден од членовите на Телото за спреведување на мерките против загаденост, Пламенко Таис обвинил дека резултатите од анализаторот за мерење на чистотата на воздухот што го поставила американската амбасада се погрешни бидејќи бил во близина до една Кебапчилница.
Него му реплицирал пратеникот Звонко Мариќ.
“ Верувам дека разбраа во американскат амбасада, како што и ние разбравме, дека виновникот е Кебапчилницата. Нема потреба повеќе да расправаме кога го откривме виновникот за загадениот воздух во Сараево“ изјавил Мариќ.
Инаку, пред неколку дена Сараево беше прогласен за најзагаден град во светот.