Околу 90 членови на италијанската мафија “Ндрангета“ беа уапсени за време на голема меѓународна операција во неколку европски држави и Латинска Америка. Во рацијата учествувале 100 полициски службеници од Белгија, Италија, Германија и Холандија, полицијата претресувала италијански ресторани и слаткарници, каде се верува дека биле перени пари, а биле запленети 3 тони кокаин и 140 килограми екстази.
Цел на акцијата се членовите на криминалното семејство “Ндрангета“ од местото Лакри во Калабрија, на југот на Италија. За неа се смета дека контролира 80% од трговијата со кокаин во Европа, како и дека е единствената мафијашка организација која е присутна на сите континенти. “,Ндрангета” е една од трите главни италијански мафијашки организации , заедно со ,,Камора” од Неапол и сицилијанската ,,Коза Ностра” , а според властите , е најопасна од сите три криминални групи.
Рацијата се случува еден ден откако италијанските власти во Палермо го уапсија наводниот нов шеф на сицилијанската мафија Сетимино Минео заедно со уште 45 лица осомничени дека се дел од мафијата.