Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.663 тестирања, а регистрирани се 432 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 142, Битола – 47, Прилеп – 31, Куманово – 22, Кавадарци – 19, Тетово, Велес и Кочани – по 18, Штип и Радовиш – по 12, Демир Хисар – 9, Гевгелија, Ресен и Делчево – по 8, Виница – 7, Гостивар, Неготино, Крива Паланка, Берово и Кратово – по 6, Охрид и Кичево – по 5, Струмица – 4, Крушево – 3, Македонска Каменица – 2, Богданци, Демир Капија, Пехчево и Дојран – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 13 починати лица: 4 починати лица од Скопје (45г, 78г, 88г и 90г), по 2 починати лица од Куманово (42г и 70г), Битола (51г и 68г) и Прилеп (66г и 70г) и по едно починато лице од Делчево (74г), Велес (79г) и Кочани (55г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени пет починати лица со датум на смрт од 04.11.2021 до 09.11.2021. Регистрирани се починати лица од Крива Паланка (2), Скопје (1), Прилеп (1) и Виница(1), на возраст од 57-82 години, од кои едно лице е починато во домашни услови, а 4 лица се починати во болнички услови.