Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев засега останува на функцијата во партијата, но и како претседател на владата. Ова како одлука е донесено по синоќешниот состанок на ИО и ЦО на владеачката партија.
-Највисоките органи на партијата препорачаа и едногласно донесоа одлука Заев да ја одложи оставката на неодредено време, додека процесите во државата не се нормализираат. Државата продолжува да се гради на европските вредности. Ова е слободна земја. СДСМ ќе продолжу да работи исклучиво во интересите на граѓаните и на можноста државата да западне во нова криза. Денешната одлука е генерална и сите треба да бидеме на висина на задачата, – изјави членот на ЦО на СДСМ, Перо Костадинов.
Заев за ТВ21 посочи дека имале сугестија од Централниот одбор за одложување на оставките.
-Ниту моите оставки се дискутираат, ниту се одлучува по моите оставки, од единствена причина кога ги најавив на 31-ви вечерта, потврдив дека останувам овде за да помогнам да се одржи парламентарното мнозинство и ако може да се зголеми – порача Заев.