ИМА 25 ГОДИНИ И НЕИЗЛЕЧИВА БОЛЕСТ: Ме нарекуваа со погрдни имиња и ме исмејуваа, а потоа на сите им го покажав телото (ФОТО)

by Тони Зографски

Клер Спургин од Есекс има 25 години, а долго време се бори со неизлечива болест на кожата – псоријаза, која и до денес го зафатила целото нејзино тело.  Клер со години ги покривала црвените делови од нејзината кожа од страв дека луѓето ќе покажуваат со прст кон неа. Но, сега на 25-годишна возраст, таа конечно го прифати својот изглед и споделува неверојатни фотографии од своето тело на Инстаграм за да им покаже на другите заболени дека не се сами.

„Ми требаа години да ја прифатам својата кожа и да не ми е непријатно во бикини на плажа. Бев во постојан страв дека некој ќе ме покаже со прст, и ме покажуваа“, вели Клер.

Таа била шокирана од тоа како луѓето отворено ја прашувале „што не е во ред со тебе“, а тоа довело до чувство на непријатност и губење на самодовербата.

На Клер и била дијагностицирана псоријаза во 2017 година – тешка системска автоимуна болест која се препознава по големи промени на кожата. Водечка причина за тоа е генетиката, а болеста е придружена со циклуси на подобрување и влошување.

„Кога добив псоријаза, сè ми се сруши. Имав 19 години, а во тие години физичкиот изглед ви претставува сè. Се сеќавам дека моите врсници ме нарекуваа со погрдни имиња и ми се смееја”, открива Клер.

Како предизвикувач на псоријазата, кај Клер биле изгореници од сонце на рамениците.

„Имав изгореници од сонце на рамената и тоа беше предизвикувачот на мојата псоријаза, изгорениците никогаш не зараснаа, рамената многу ми се исушија, а потоа на телото ми се појавија други дамки кои се шират“, објаснува Клер.

Само по една година, лекарите на Клер ѝ ја дале вистинската дијагноза.

„Ги потрошив сите овие пари на креми кои не делуваа и потоа отидов кај дерматолог, кој веднаш рече дека имам псоријаза. Потоа почнав со полесни третмани, но подоцна завршив со светлосна терапија (УВБ зраци)“, вели Клер.

Иако состојбата на нејзината кожа е постојана борба, Клер е решена да не дозволи да ја победи и често објавува фотографии од нејзиното тело на Инстаграм, каде ја следат преку 10.000 луѓе.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com