Натпреварите од претстојното Светско првенство во ракомет, што во јануари ќе се одржува во Германија и Данска, ќе бидат директно пренесувани на Македонската радио и телевизија. Националниот сервис, денеска потврди дека МРТВ ги откупила правата
“Македонската Телевизија ги обезбеди ексклузивните терестријални права за телевизиско покривање на Светското Првенство во ракомет, коешто од 10 до 27 јануари ќе се одржи во Германија и во Данска. Во изминатиот период Јавниот Сервис вложи огромни напори за да остане верен придружник на македонската репрезентација на настапите на најголемите светски ракометни собири. Целта ја оствари, но успеа и во уште поважната мисија – преносите од натпреварите на нашиот национален тим и на овој значаен меѓународен настан да бидат на македонски јазик ! Подгответе се за вистинско уживање во текот на 18-те мундијалски дена со врвен ракомет во неограничени количини на Македонската телевизија“, напиша на Фејсбук уредникот на спортската редакција на МРТВ, Драган Николовски.