Српските здравствени власти потпишаа со американската фармацевтска компанија „Фајзер“ договор за дистриубуција на експерименталниот лек против Ковид-19, кој според тврдењето за 89 отсто го намалува ризикот од хоспитализација и смрт на пациентите чиепто здравје веќе е загрозено од други заболувања, соопшто во понеделникот министерот за здравство Златибор Лончар.
„Ние сме третата земја во светот којашто потпиша договор, се договорила со “Фајзер“ и први ќе го имаме тој лек, кој има 89-процентна ефикасност во избегнувањето на болничкото лекување и потешките компликации“, изјави министерот за Лончар за Радио-телевизија на Србија (РТС), без да го наведе името на лекот кој го разви американската фармацевтска компанија.
Kомпанијата „Фајзер“ објави во петокот дека нејзиниот орален антивурусен лек против коронавирусната болест Covid-19, во втората фаза од неговото кличничко испитување покакажал дека го намалува ризикот од хоспитализација или смртен исход за 89 отсто.
„Врз осноа на резултатите од прелиминарната анализа на фазата 2/3 кај несхоспитализираните возрасни испитаници заразени со коронавирусот, PF-07321332 покажа намалување на ризикот од хоспитализација или летален исход од 89 отсто“, се наведува во соопштението објавено на веб-страницата на компанијата.
Во продолжение се наведува дека меѓу учесниците во контролната група, во истражувањато не се регистрирани смртни случаи.
Од своја страна, агенцијата Ројтерс забележува дека текот на примената на новиот препарат се состои од три таблети кои се земаат двапати на ден. Според агенцијата, „Фајзер“ има намера до крајот на годината да произведе повеќе од 180.000 дози од овој лек, а во текот на следната 2022 година се планира бројот на произведените дози да се зголеми на 50 милиони.