Во Клиничко-болничкиот центар „Бежаниска коса“ во Белград, за прв пат е поставен ковид пациент на апарат што ги менува белите дробови. Тоа било единствената опција, бидејќи пациентот повеќе не реагирал ниту еден вид третман, објави РТС. Пациентот има 31 година и не е вакциниран. Позитивен е 28 дена, а во оваа институција престојувал 12 дена.
Директорката на КБЦ „Бежаниска коса“, д-р Марија Здравковиќ за РТС, вели дека пациентот сега е во одлична состојба и дека сатурацијата му е зголемена на 96 и 97.
„Пред да се стави на апаратот, сатурацијата беше од 78 до 80 и моравме да најдеме решение со сите мерки за лекување бидејќи имаше негативен редослед на настани, лоша реакција на респираторот“, вели д-р Здравковиќ. .
Суштината на овој апарат, посочува докторката, е да се менуваат белите дробови додека истите не заздрават, бидејќи, како што вели, многу е важно да се најде нов тип на вентилација кај оние пациенти кои не ги излечиле белите дробови од ковид.
„Тоа е најсовремениот апарат што постои во светот во однос на замена и на срцето и на белите дробови, но не може истовремено да ја менува работата на срцето и белите дробови, може или едното или другото“, објасни доктоката.
Времето на опоравување на пациентот, вели, е индивидуално и се проценува на две до четири недели.
Според неа, ова е првпат ваков апарат да биде вклучен кај пациент во КБЦ „Бежаниска коса“, а претходно вакви пациенти морале да одат во Институтот за белодробни заболувања „Сремска Каменица“.