-Ако гледавте отворање на Ист Гејт, целото раководоство влегоа без маски. Ако следевте предизборна кампања и спотот на опозиционата партија, во тој спот 70 луѓе од кои 10 тина доктори од кои еден епидемиолог кој сега стана градоначалник се без маски, а знам дека спотот се снима најмалку три часа. И сега тие со кој образ ќе казнуваат, ќе бараат сертификати? И власта и опзоицијата со вакви потези не добија казни за тоа, ја срушија стратегијата за превенција. Замислете каде сме стигнати. Толку доктори немаат смелост на лидерот да му кажат дека ова несмеат да го прават, а они одат и се сликаат- рече микоробиологот, доктор Никола Пановски во „Студио 10“ и додава:
-Ќе ќе има втор дел од бранот и бројот на заболени ќе биде над 1.000, се надевам дека нема да биде страшен како во околината, бидејќи страшното го поминавме. Во јужниот дел од Велес надоле вирусот не е поминат и да се надеваме дека има доволно вакцинирани за да не поминат како во Тетово и Гостивар.