ПОЗНАТ РУСКИ ДОКТОР ОТКРИВА: Кое е нормалното ниво на крвен притисок според возраста и полот

by Тони Зографски

Нивото на крвен притисок се менува со годините. Параметрите нема да бидат исти за некој што има 30 години и за оној што има 60 години

Кога крвниот притисок е во границите на нормалата, упатува на тоа дека состојбата на организмот е добра и дека срцето нормално функционира.

Нивото на крвниот притисок зависи од силата и брзината на срцевите контракции и количината на крвта што овој орган може да ја испумпа во 1 минута. Исто така, важни се и својствата на самата крв и отпорноста на васкуларните ѕидови.

Нарушеното ниво може да доведе до разни проблеми, па затоа треба да внимавате на него.

Мислењето дека една иста вредност е правилна за сите луѓе е заблуда. Познатиот руски доктор Александар Шишонин, објаснува како параметрите, како што се полот и староста, одредуваат кое е нормалното ниво на крвниот притисок.

Табела за мажи:
  • За лице старо 20 години, нормалните вредности се 123/76
  • До 30-тата година, нормално е нивото да биде 126/79
  • Помеѓу 30 и 40 години, нивото е 129/81
  • Помеѓу 40 и 50 години, нормалното ниво е 135/83
  • Помеѓу 50 и 60 години, 142/85
  • По 70-тата година, 142/80
Табела за жени:
  • За лице старо 20 години, нормалните вредности се 116/72
  • До 30-тата година, нормално е нивото да биде 120/75
  • Помеѓу 30 и 40 години, нивото е 127/80
  • Помеѓу 40 и 50 години, нивото треба да биде 137/84
  • Помеѓу 50 и 60 години, 144/85
  • По 70-тата година, 159/85

Од табелите може да се заклучи дека колку што е лицето повозрасно, толку повисок е и нормалниот крвен притисок. Тоа е последица на промената во крвните садови, срцевиот мускул и другите органи, кои се менуваат со текот на годините.

Високиот, како и нискиот крвен притисок, можат да предизвикаат разни здравствени проблеми. За да го утврдите точно неговото ниво, треба да го следите неколку дена во континуитет и да водите дневник на своите мерења.

останати вести