Руски лекари се борат за животот на 14-годишните близначки Маша и Даша Лебедови. На барање на позната модна агенција сестрите ослабнале 36 и 40 килограми и паднале во тридневна кома.
Девојчињата лежеле во домот и чекале да умрат, бидејќи никој не сакал да им помогне. За среќа, се појавила активистката Марија Кохно.
– Никој не сакаше да им помогне на девојчињата. Нивната мајка одеше од врата до врата, но болниците ја одбиваа. Никој не сакал да се занимава со „живи лешеви“ – изјавила активистката.
Токму Кохно, и самата поранешна манекенка, на медиумите им откри дека повеќето агенции бараат од девојчињата да бидат „коски и кожа“ како би добиле повеќе шанси за професионални ангажмани. Една од агенциите дури имала подготвено детално мени за нивните клиентки во кое, меѓу другото, пишува дека храната мора да биде приготвувана на пареа и дека е строго забрането истата да се конзумира по 17 часот.
Сега нивниот живот е во рацете на лекарите, бидејќи можат да умрат секој момент.
– Маша може да стане, но Даша нема сила ниту главата да ја помести – ги опишала таа.