Трихолог д-р Елена Арсова, медицински директор во 101 Hair Clinic
ПРАШАЊЕ: Косата почна да ми ослабнува во предната линија и круната на главата, залисточите се прилично продлабочени а имам само 23 години. Се уплашив доста затоа што татко ми е ќелав. Мој пријател ми кажа да ја избричам главата бидејќи тоа ќе овозможи косата да зајакне. Ја избричев главата но косата не зајакна ниту малку. Дури на залистоците не расте воопшто. Дали косата на залисоците ќе израсне повторно ? Што препорачувате понатаму?
ОДГОВОР ОД ТРИХОЛОГ: Доколку сте имале нешто коса на Вашите залистоци пред да ја избричете главата, тогаш веројатно тука ќе израсне онолку коса колку и имало порано. Но косата во таа зона расте побавно па е потребно време да порасне. Но, доколку сте ја изгубиле косата на залистоците пред бричење на целата глава, самото бричење нема да стимулира раст на косата. Споменувате дека Вашата предна линија и круна исто така почнала да се проретчува. Тоа укажува на потенцијална машка наследна ќелавост која може да даде проретчување на косата во тие делови. Бричењето на главата не може да доведе до такво проретчување на косата, но може да ја направи новата коса крта и склона на кршење и да стане потенка. Значи бричењето на главата не поттикнува раст на косата и не препорачуваме бричење. Трихолошката анализа би требало да биде Ваш прв чекор. Со трихолошката анализа на косата и скалпот се одредуваат промените на влакното, состојбата на фоликулот и типот на скалп, па може точно да се одреди формата на опаѓање на косата, степенот на проретченост и можноста за раст на нова коса. Локалниот третман на косата со адекватни тоници , кој се дополнува и со ласерска биостимулација, е неопходен за да се подобри функцијата на фоликулот и да се врати густината и квалитетот на косата. Микронидлинг мезотерапијата е одличен современ третман кој ги активира позитивните сигнални патишта за раст на влакното. Карбокси терапијата пак ја поттикнува циркулацијата и доставата на хранливи материи и кислород до коренот на влакното. Адекватна комбинација од овие методи дава брзи и оптимални резултати во растот на косата.