ПРИЈАТЕЛ МИ СЕ ЈАВИ И РЕЧЕ, “ЈАС ЌЕ УМРАМ ОД КОРОНА“: Вучиќ раскажа потресна приказна

by Тони Зографски

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ  гостуваше во емисијата Фокус на Б92 и по тој повод раскажа шокантна приказна за смртта на својот пријател од корона вирусот.

Како што рече српскиот претседателот, неговиот пријател се расправал и се карал со него поради коронавирусот и на крајот се заразил.

-Еден мој пријател кој е помлад од мене, ми се јави и рече: Јас ќе умрам од корона и се извини дека се расправаше со мене во врска со короната. Тој почина, рече српскиот претседател.

Тој откри дека во среда ќе ја прими третата доза од вакцината против коронавирус и повторно ги повика луѓето да се вакцинираат.

-Да не си играме со здравјето. Набавивме и лек кој чини 400 долари затоа што сакаме да спасиме луѓе, апелираше српскиот претседател Вучиќ.

останати вести