На прес-конференцијата господинот Зоран Заев најави поднесување на оставка од функцијата премиер на владата на Република Макеоднија и местото на претседател на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија.
– Одговорноста ја превземам на себе и поднесувам оставка од Претседател на Владата и Претседател на СДСМ, истакна Заев
За поразот тој ги посочи големите пари вклучени на изборите дојдени од разни странски извори. Тој изрази лична разочараност од исходот, порачувајќи дека не е тешко заминувањето од политиката туку е тешка помислата за одлуката на нашиот народ.