Епидемиологот Предраг Кон вели дека самите ковид-пропусници „не решаваат ништо” и повтори дека за значително подобрување на епидемиолошката ситуација во Србија неопходно е затворање од 10 дена на „сè освен на тоа што е неопходно за животните потреби”.
Кон за српски „Блиц” повтори дека значително подобрување на епидемиолошката ситуација во Србија не може да се очекува „се додека не се воведат нови рестриктивни мерки и се зголеми опфатот на вакцинацијата”.
„Стоиме на стабилно високо ниво и не се гледа тренд на опаѓање. Затоа сметаме дека е неопходно затворање на 10 дена на сè освен на тоа што е неопходно за животните потреби, а апсолутниот минимум за да може да се очекува сериозно делување на мерките е ковид-пропусниците да важат 24 часа”, вели тој.
Прашан како е можно и покрај вакцинацијата бројот на починати претходните денови да е речиси идентичен како минатиот декември кога немало вакцини, Кон вели дека две дози вакцина „не се доволни”, и додава дека, тоа се сфатило во јуни на основа на податоците од Израел.
„Две дози не беа доволни да се спречи инфекцијата, да дојде до заразувања па и да се спречи можност за пренесување меѓу оние кои се вакцинирани. Така, го дочекавме овој вирус со целосно раширени раце, не почитувајќи никакви мерки преку летото, што доведе до зголемување на неговата сила, потенцијал”, вели српскиот епидемиолог.
За дочекот на Новата година и грипот
„Упорно зборував дека единственото нешто што може да се каже со сигурност се наредните две недели. Стоиме стабилно на високо ниво и не се гледа тренд на опаѓање и мислам дека нема да се види се додека не се воведат мерки и значајно не се зголеми опфатот на вакцинација. Доколку тоа успееме да го направиме до Нова година, многу работи ќе зависат и од тоа што ќе биде со грипот”, објаснува епидемилогот.
Кон истакнува дека грипот веќе е потврден во Хрватска и дека има индиректни показатели дека е и во Србија. „Во некои серолошки анализи е утврдено дека бил кај некои луѓе. Поради тоа веројатно имаме импортирани случаи. Како ќе се однесува грипот кога ќе почне да се повлекува ковид навистина не знаеме и затоа повторно повикуваме на вакцинација против грип”, вели Кон и нагласува дека е важно да се прими вакцина против пневмокока за најтешки бактериски инфекции.
Кон вели дека е голема работа тоа што СПЦ се огласила и препорачала славите да се одвиваат во кругот на семејството.
„Што се однесува до дочекот на Нова година, ако заживеат ковид-пропусниците ќе зборуваме и за такви можности. Меѓутоа, бидејќи ние сме познати како луѓе кои не почитуваат мерки, односно единствената мерка која ја разбираме е целосна забрана, ќе видиме што ќе биде на крајот. Се надевам дека тоа ќе се измени”, објаснува Кон.