Жителка на една висококатница во Тајланд им го пресекла јажето за потпора на двајца молери, очигледно лута што не и било кажано дека ќе ги извршуваат нивните работни задачи и ги оставила да висат над 26-тиот кат додека еден пар не ги спасил, соопшти полицијата.
Жената се соочува со обвиненија за обид за убиство и уништување имот, соопшти полицијата во Пак Крет, северно од главниот град на Тајланд.
Во соопштението не се наведува кој бил мотивот осомничената да го пресече јажето, но тајландските медиуми објавија дека таа била очигледно фрустрирана кога работниците се појавиле пред нејзината соба, а немала најава дека ќе се работи на 12 октомври, пишува „NBC News“.
На видеото на социјалните мрежи се гледа како двајца работници ги молат станарите на 26-тиот кат да отворат прозорец и да ги пуштат внатре. Еден од молерите, државјанин на Мјанмар по име Сонг, за тајландските медиуми изјавил дека тој и неговите двајца пријатели се симнале од 32 кат за да ја санираат пукнатината во зградата.
Кога стигнале на 30-тиот кат, го почувствувал јажето потешко и кога погледнал надолу, видел како некој на 21-от кат отвора прозорец и му го сече јажето. Тој се обидел да побара помош од другите станови, но немало никој внатре, додека третиот колега продолжил да ги придржува од горниот кат.
Станарката која ги спасила, Прафајван Сетсинг, изјавил дека нејзиниот сопруг кој е Британец забележал еден од работниците кој побарал помош и ги повикал да разговара со нив.
Раководството на зградата ги испратило молерите да го пријават инцидентот во полиција, а 34-годишната жена прво негирала дека е одговорна, но полицијата го испратила пресеченото јаже на отпечаток од прст и ДНК анализа.
Жената и нејзиниот адвокат се појавиле во полициска станица. Откако полицијата и ги покажала снимките од безбедносните камери и форензичките докази, таа признала, но негираше каква било намера да ги убие работниците.
Осомничената е привремено пуштена на слобода, а полицијата во рок од 15 дена ќе поднесе кривична пријава до судот, а доколку биде прогласена за виновна за убиство во обид може да се соочи со казна затвор до 20 години.