Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 2.732 тестирања, а регистрирани се 436 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 203, Битола – 24, Куманово и Кавадарци – по 22, Велес и Штип – по 21, Прилеп – 19, Кочани – 16, Тетово – 12, Пробиштип – 9, Охрид – 8, Неготино и Свети Николе – по 6, Кичево, Крива Паланка и Делчево – по 5, Струмица и Берово – по 4, Гевгелија, Кратово и Дојран – по 3, Гостивар , Радовиш, Ресен, Виница, Валандово и Демир Хисар – по 2, Струга, Крушево и Македонска Каменица – по 1.
Регистрирани сe 321 оздравени пациент од: Скопје – 145, Куманово – 32, Штип и Прилеп – по 20, Велес – 17, Кочани – 14, Кавадарци – 12, Битола – 9, Крива Паланка – 8, Струмица – 6, Кичево и Гевгелија – по 5, Тетово и Кратово – по 4, Пробиштип – 3, Свети Николе, Гостивар, Ресен, Виница, Крушево, Дебар и Богданци – по 2, Радовиш, Валандово и Демир Хисар – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: 3 починати лица од Скопје (66г,69г и 86г) и по едно починато лице од Кавадарци (79г), Охрид (76г), Демир Хисар (17г) и Штип (73г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 4 починати лица со датум на смрт од 01.09.2021 година до 22.10.2021 година. Регистрирани се 2 починати лица од Гостивари по едно починато лице од Кочани и Кичево на возраст од 55 до 86 години, од кои 2 се починати во болнички услови а 2 во домашни услови.