Мишо Ковач (80) е хоспитализиран поради респираторни проблеми кои не биле предизвикани од коронавирусот.
Мишо е во стабилна состојба и се чувствувал добро, а за неколку дена ќе биде пуштен на домашно лекување.
Мишо имаше респираторни проблеми кои не беа предизвикани од корона вирусот. Ова не е првпат поради ова да заврши во болница.
Пејачот пред две години бил лекуван во загрепската Специјална болница за белодробни заболувања, каде закрепнувал од тешката белодробна инфекција, пренесуваат српските и хрватските медиуми.