Модуларната болница пред инфективна е под клуч. Од клиниката за МИА објаснуваат дека објектот е затворен превентивно, бидејќи забележале капки вода, кои во ниту еден момент не биле во допир со електричната инсталација.
„Точно е дека прокапа од дождот, ја испразнивме, дезинфициравме внатре и сето тоа ќе се санира. Дел од пациентите се префрени на Инфективна клиника каде што имаше слободни места дел се на Институтот за ТВЦ“, изјави за ТВ24, д-р Милена Стевановиќ, директорка на Клиниката за инфективни болести“.
„Во модуларната болница до Инфективната клиника нема сместено пациенти. Дваесетина пациенти кои биле сместени во неа се префрлени во самата болница и во ТБЦ за да не им пречат на активностите преземени за поправка на мал дел од кровот на модуларната болница“, велат од Министерството за здравство.
На инфективна се хоспитализирани 87 пациенти, а има капацитет од 100 болнички кревети. Модуларната пак, како помошно инфективно одделение раполага со 70 болнички легла. Во последниот период доволниот број на слободни места овозможи затварање на модуларната болница, потенцира раководството на клиниката.