Фудбалерот на Тотенхем, Серхио Региљон со својата брза реакција кон судијата Маринер веројатно му го спаси животот на навивачот на Њукасл, кој колабираше на „Сент Џејмс Парк“ за време на синоќешнио натпревар од Премиерлигата.
Имено, на крајот на првото полувреме Региљон виде дека нешто чудно се случува на трибините и сфати дека еден навивач не е добро. Тој веднаш истрча кај судијата да му каже што се случува и побара од нив веднаш да испратат медицинска екипа кај тој навивач.
Судијата го послуша и реагираше веднаш што на крајот го спаси животот на навивачот на Њукасл. По натпреварот, Шпанецот објасни што се случува.
“Го видов навивачот како лежи и се тресе и бев многу нервозен поради тоа. Отидов кај судијата и му реков да го прекине натпреварот. Тој погледнаа што се случува и го прекинаа натпреварот. Слушнав дека е добро и тоа е најважно нешто. Јас ги слушнав навивачите како велат дека натпреварот треба да се прекине и видов што се случува и веднаш отидов кај судијата да го прекине натпреварот и да испратам помош на навивачот “, изјави Регулон.
Инаку, Њукасл информираше дека фанот кој колабираше на трибините е стабилизиран и ќе му се прават детални прегледи во болница.