Селекторот на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, Роберт Просинечки повторно бил опериран во Клиничкиот центар во Сараево.
Како што објави „Дневни аваз“,за разлика од првата операција на тенкото црево, Просинечки бил во тајност опериран во саботата, ден пред ждрепката за квалификациските групи, за ЕУРО 2020.
Претходном, селекторот на БиХ, поради проблеми со дебелото црево, беше опериран на 23.ноември. По враќањето од Лас Палмас, каде Босна играше пријателски меч со Шпанија, Просинечки се пожалил на болки во стомакот, поради што морал да биде опериран.
За втората операција лекарите се решиле бидејќи раната од првиот хируршки зафат бавно зараснувала.
Според извори од Клиничкиот центар во Сараево здравствената состојба на Просинечки е стабилна.
-Селекторот Просинечки е вратен на интензивна нега. Засега постоперативниот процес оди добро, а ако така остане на крајот на неделата ќе биде вратен на оделение на Абдоминалната клиника, пренесе Аваз.