Жена од Пенсилванија во САД беше обвинета за убиство на својот партнер со тоа што седнала врз него и го смачкала.
Венди Томас прво со нож и со ногарка од столот го нападнала своето момче Кин Батлер, а потоа седнала врз него и му го смачкала градниот кош, пишува локалниот портал Go Erie.
Убиството се случило на 18 март во нивниот стан.
Томас била тешка 130 килограми, додека Батлер имал само 54 килограми.
Според изјавата на полицијата, 44-годишната Томас била пијана за време на убиството. Пред да седне на Батлер и да го смачка, таа го прободела со нож во раката и го удирала со ногарката од столот.