Елма Авеиро и Мигел Пиксао, сестрата на Кристијано Роналдо и неговиот пријател, жестоко реагираа на социјалните мрежи околу изборот за најдобар фудбалер за 2018 година. Таа награда ја доби Лука Модриќ од Реал Мадрид.
„За несреќа, ова е свет кој живее од корупција, мафија и пари на ку*вини синови. Божја моќ е поголема. Бог доцни, но никогаш не простува“, напиша Авеиро на својот Инстаграм профил.
„Ни малку не го почитуваат оној кој направи доволни за да уште еднаш биде избран за најдобар. Фактите говорат сами за себе. Оној кој не сака да Роналдо биде награден, не можат против броевите од фудбалската историја. Тој е најдобар фудбалер на светот“, додаде неговиот пријател Мигел.