Институтот за Јавно здравје информираше дека денеска се регистрирани нови 412 случаи на коронавирус во земјава во последните 24 часа од направени 3379 тестови.
Починаа 12 лица, од кои 8 од Скопје, и по еден од Куманово, Тетово, Велес, Кавадарци.
Регистрирани се оздравени 395 пациенти.
Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 12.089.