Ако сте имале треска или можеби сте биле во контакт со заразено лице, а не сте имале никакви симптоми, најверојатно се прашувате дали е можно да сте се заразиле и прележале корона дури и без да го знаете тоа. Неодамнешна студија спроведена од Британското централно биро за статистика одвојува шест најчести нуспојави кои можат да потврдат или порекнат дека сте прележале корона „на нога“.
Се чувствувате целосно исцрпени
Хроничниот замор е најчесто пријавениот симптом на болеста, во овој случај вие не само што ќе се чувствувате поспано, туку нема да функционирате како пред болеста.
„Како некој да те тепа и постојано се повторува“, вели Пол Гарнер, професор на Универзитетот во Ливерпул. Но, тој додаде дека првите два месеци по болеста биле многу тешки за него лично, дека состојбата сега се подобрува, но дека тој сѐ уште се чувствува многу уморен, има магла во главата и не може добро да се концентрира, како и дека справувањето со тоа е предизвик на дневна основа.
Краток здив
Ковид 19 е првенствено респираторно заболување и штетата што ја прави на белите дробови тешко се исправа. Иако некои луѓе, се разбира, немаат никакви проблеми, оние што ја доживеале оваа состојба можат да страдаат од краток здив долго откако ќе се заразат. Ова е вториот најчест симптом на долг ковид.
Ве болат мускулите
Д-р Ентони Фаучи, предупредува дека долгиот ковид често дава симптоми на болка во мускулите и зглобовите, заедно со треска, замор и когнитивни проблеми, како што се проблеми со меморијата. Тој додава дека овие луѓе ги имаат споменатите симптоми долго по самата болест, и тие не исчезнуваат.
Проблеми со концентрација
Еден од вообичаените симптоми што се гледа кај луѓето кои ја прележале болеста е нешто што тие го опишуваат како „магла“ во мозокот, а исто така може да се однесува на проблеми со краткотрајна меморија, губење на меморијата, општа конфузија, проблеми со концентрација, односно – се чувствуваат поинаку отколку што се чувствувале пред самата болест.
Значи, може да имате долгорочни последици, а маглата во мозокот е една од нив. Овие проблеми, се разбира, не се незначајни.
Може да имате главоболки
Тешките главоболки можат да бидат предизвикани од проширување и стегање на крвните садови во мозокот, а проблемот може да се појави и кај децата.
„Ги испитувавме симптомите на долгорочен ковид кај децата и, за жал, забележавме дека тие се јавуваат и кај нив, најчесто во форма на замор и главоболки“, објасни Рошел Валенски, директор на Центарот за контрола и превенција на болести.
Воспаление на срцето (срцевиот мускул)
“Откривме дека има пациенти кои целосно се опоравиле и се чини дека немаат никакви симптоми, но кога пациентот се испитува, на пример со магнетна резонанца, се забележуваат голем број на оние со воспаление. Таквите податоци ни кажуваат дека мора да бидеме послушни, се додека целосно не ја разбереме природата на оваа болест “, истакна Фаучи.