Ерменскиот претставник на Евровизија од 2007 година, Хаико Хакобјан, почина од коронавирус. Тој ја претстави земјата со песната Anytime You Need и заврши на осмото место.
Хакобјан беше прогласен за најдобар пејач на Ерменските национални награди во 2003 и 2006 година.
Пред пет години беше и претседател на жирито на својата земја на Евровизија која тогаш се одржа во Стокхолм.
Инаку, во Ерменија од почетокот на пандемијата имаше повеќе од 260,000 случаи заразени со коронавирусот.
Починаа повеќе од 5.000 луѓе.