Српскиот епидемиолог и член на Кризниот штаб, д-р Предраг Кон, смета дека во моментов најрационално решение би било во Србија да се воведе ковид-пропусница, додека, пак, најдрастичниот излез од целата ситуација со конавирусот би бил целосно затворање на 10 дена.
– Ако ковид-пропусниците се неуставни, тогаш Кризниот штаб ќе предложи нови рестриктивни мерки. Ако не е дозволено, тогаш барам некој да нè отповика, бидејќи немаме што повеќе да предложиме. Воведувањето на ковид-пропусниците е единствената мерка во областа на јавното здравство што може да спречи ненадејно влошување на состојбата. За овие мерки зборуваме од почетокот на летото – рече д-р Кон.
Според него, најдрастичниот начин за излез од сето ова е да се затвори се на десет дена.
-Спречувањето на сите контакти 10 дена. Ако ме прашате што е најрационално, тоа се под итно ковид пропусници, задолжителна вакцинација на здравствените работници, задолжителна вакцинација на јавните служби кои се во контакт со голем број луѓе. Нема веќе преговори – потенцира Кон.