Германската канцеларка Ангела Меркел при неодамнешната посета на Аргентина, за време на одржување на Самитот Г20, пријатно ги изненади Аргентинците со своето спонтано однесување во еден тамошен ресторан.
Имено, на видео-снимката објавена на социјалните мрежи, Меркел влегла во кујната во ресторанот„Don Hulio gril“ во Буенос Аирес за да се поздрави и слика со готвачите.
По краткото фотографирање, канцеларката го напуштила ресторанот пред кој се собрале бројни новинари и граѓани кои ја сликале и и аплаудирале.
https://twitter.com/twitter/statuses/1069037860903362560