Натали Рајс, медицинска сестра во американската држава Ајдахо, одби да се вакцинира против ковид-19. Иако нејзината мајка лежеше на интензивна нега поради корона, таа му кажувала на своето семејство да не се вакцинира. На крајот, таа самата стана жртва на ковид-19, пишува Си-Ен-Ен.
Рајс беше обучена медицинска сестра и работеше во оваа професија пред да одлучи да ја напушти својата работа за да се посвети на грижата за своите близнаци со посебни потреби. Но, нејзината обука и образование, рече нејзиниот брат, не ја спречи да подлегне на теории на заговор околу вакцините што се шират на социјалните медиуми.
Таа ја одби вакцината и покрај наглиот пораст на бројот на заразени во нејзиниот град, Коур д’Алејн. Додека нејзината мајка лежеше во болнички кревет во кома поради ковид и се бореше за живот, Рис го советуваше своето семејство да не се вакцинира.
„Таа ми рече да не се вакцинирам“
– Ми рече да не се вакцинирам. Мислам дека подлегна на дезинформациите со кои наиде на социјалните мрежи, од блогери и јутјубери – изјави нејзиниот брат Дерил Рис за Си-Ен-Ен.
Неговата сестра сметаше дека не се спроведени потребните студии за вакцините, додаде тој.
Си-Ен-Ен наведува дека сите одобрени вакцини биле подложени на бројни научни студии и биле тестирани на илјадници луѓе. Вакцините се примени од милиони луѓе откако регулаторите ширум светот ја одобрија нивната употреба токму поради гореспоменатите студии.
Според американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), 54,7% од вкупното население во САД е вакцинирано. Но, во државата Ајдахо, само 40,8% од луѓето се вакцинирани.
Братот беше вакциниран ден откако почина неговата сестра
Натали Рајс имаше 46 години кога почина како последица од ковид-19. Таа почина на 22 август. Таа беше една од серијата невакцинирани пациенти што предизвикаа криза во капацитетот на болниците во Ајдахо, според Си-Ен-Ен.
Нејзиниот брат Дарил поднесе оставка по смртта на неговата сестра и се посвети на грижата за близнаците што ги остави Натали Рајс. Мајката на Дерил сѐ уште се опоравува од ковид, а Дерил ја прими својата прва доза вакцина, ден откако почина неговата сестра.