Погребан легендарниот Дуда Ивковиќ (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Легендарниот кошаркарски тренер Душан Дуда Ивковиќ денеска беше погребан во Белград. Кремот на европската и светската кошарка се собра да го испрати во вечното почивалиште.

Неговите најблиски пријатели како Жељко Обрадовиќ, Владе Дивац, Дино Раѓа, Предраг Даниловиќ, Жељко Паспаљ и Јуре Здовц го носеа ковчегот. На погребот беше присутен и првиот човек на македонската кошарка Перо Антиќ, кој соработуваше со Ивковиќ во Олимпијакос при освојувањето на Евролигата во 2012 година.

Тука беа и Василис Спанулис, Димитрис Итуидис, првиот човек на црногорската кошарка Никола Пековиќ и многу други сегашни и поранешни кошаркари.

Ивковиќ почина во болница во Белград минатиот четврток поради течност во белите дробови и херпес, а имаше 78 години.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com