Од октовмри ќе се бара сертификат за целосна имунизација за влез во сите угостителски објекти како и други институции, како дополнение на мерката „една доза вакцина“, информираше денеска министерот за здравство, Венко Филипче.
Според него, една од мерките што сигурно ќе се препорача е потребата да се прикаже потврда за примени две вакцини, односно тоа ќе прерасне во потврда за примени две дози вакцини или целосно вакцинирани лица.
– Тоа ќе биде некаде во месец октомври. Тоа е сигурно, вели Филипче.