Еден најдобрите кошаркарски тренери во Европа, Душан Ивковиќ почина утринава во Белград на 77-годишна возраст.
– Во 6.50 часот Душан почина од како последиците на присуство на вода во белите дробови и херпес – изјавил Горан Калиниќ, првиот човек на Раднички од Белград каде Ивковиќ долго време бил тренер.
Во својата богата кариера, Душан Ивковиќ водеше повеќе клубови, два пати ја освојуваше Евролигата (1997 и 2012), еднаш Еврокупот (2006), европскиот куп „Радивој Кораќ“ (1976) и Куп Сапорто (2000).
Беше селектор на репрезентацијата на Југославија од 1987 до 1995 година, а на клупата на Србија седеше од 2008 до 2013 година.