Во последните 24 часа се направени 4.621 тестирање, а регистрирани се 617 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 314, Куманово – 47, Струмица – 29, Штип – 26, Кавадарци и Кичево – по 19, Охрид – 18, Велес, Свети Николе и Радовиш – по 14, Ресен – 13, Гостивар и Кочани – по 12, Тетово и Битола – по 10, Прилеп и Струга – по 8, Крива Паланка – 6, Берово – 5, Пробиштип – 4, Кратово – 3, Гевгелија, Неготино, Делчево, Виница и Македонски Брод – по 2, Дебар и Демир Хисар – по 1.
Регистрирани сe 450 оздравени пациенти од: Скопје – 250, Куманово – 24, Гостивар и Прилеп – по 23, Тетово – 16, Велес – 15, Битола – 14, Кичево – 13, Струмица – 12, Свети Николе – 11, Штип – 10, Македонски Брод – 8, Кавадарци – 5, Неготино – 4, Кочани Кратово и Гевгелија – по 3, Ресен, Берово, Пробиштип и Богданци – по 2, Охрид, Радовиш, Крива Паланка, Дебар и Крушево – по 1.
Пријавени се 32 починати лица: 10 починати лица од Скопје (83г, 75г, 74г, 73г, 71г, 69г, 69г, 64г, 63г и 55г), 4 починати лица од Струмица (82г, 70г, 59г и 58г), 3 починати лица од Гостивар (74г, 64г и 53г), по две починати лица од Куманово (66г и 52г) и Тетово (81г и 78г), по едно починато лице од Прилеп (83г), Кичево (41г), Македонски Брод (40г), Кавадарци (71г), Гевгелија (68г), Пробиштип (63г), Богданци (49г), Охрид (80г), Дебар (61г), Струга (86г) и Валандово (81г).
Од пријавените 32 лица, 29 се починати во болнички услови, а 3 лица се починати во домашни услови.