Во соседна Србија од 17 август, започна вакцинација со третата т.н засилувачка вакцина за сите оние кои беа ревакцинирани пред повеќе од 6 месеци.
Граѓаните во Србија сами можат да одлучат со која вакцина ќе бидат имунизирани, сепак прашањето е дали е опасно или пожелно да се прими вакцина од друг производител во споредба со онаа што била аплицирана во претходниот циклус?
“Се препорачува сите граѓани кои веќе ги примиле првите две вакцини, да ја добијат третата идентична со првите две, ако во меѓувреме немале Ковид-19. Ако вакцината била ефикасна, зошто да се смени тимот што победил на натпреварот? Треба да добиеме идентична вакцина“, вели доктор Зоран Бекиќ, координатор на пунктот за вакцинација на саемот во Белград за ТВ Прва.
Тој додава дека иако препораката е да се добие идентична вакцина што ја примиле за прв пат, самите граѓани одлучуваат за тоа, и вели дека е важно да се прими третата доза.
“Штом поминат 180 дена, третата доза треба да се прими. Короната е во полн ек, имунитетот не е толку стабилен, препорачувам секој да ја добие третата доза, вели Бекиќ”.
Според него, клиничките студии во светот покажале дека немало несакани ефекти или алергиски реакции во случаи на примена на разни вакцини.
Меѓутоа, многу луѓе се сомневаат дали, во ситуација кога немаат антитела по две дози, треба да применуваат иста или друга вакцина за третата доза.
“Нема потреба да се контролираат антителата. Истото е кога ќе ја добиеме вакцината против сезонски грип, по една година, поради нестабилен имунитет, треба да ја повторите дозата, како и во случај на корона”, објаснува докторот.