Граѓаните на Скопје и другите општини се гушеа во екстремно загаден воздух. Концентрацијата на пм10 честичките на некои места беше и до 5 пати над максимално дозволеното ниво.
Вчеравечер во Аеродром се измерени 460 микрограм ПМ10 честички на метар кубен, што е 8 пати над дозволената граница. Во Ректорат, пак, оваа бројка била 10 пати над дозволеното.
Дека загадениот воздух ќе биде присутен и на почетокот од месецов покажува и временската прогноза за наредната недела. Дневните температури ќе достигнат и до 15 степени целзиусови, невообичаени за овој период од годината, а вечерните ќе се спуштат и до -5.