ЛЕГЕНДАРНИОТ БОКСЕР ОТКРИ: Како дете ме силуваше 20 години постара жена

by Тони Зографски

Легендарниот боксер Оскар Де Ла Хоја, кој овој месец треба да се врати во рингот во дуел со Витор Белфорд, откри во едно интервју дека кога бил 13-годишник бил силуван од – постара жена.

Бившиот светски првак во неколку категории, во моментов ја промовира својата претстојна борба, па пткрил дека силувањето се случило на Хаваи пред многу години.

„Бев силуван кога имав 13 години. Ме силуваше жена, постара жена“, објави Де Ла Хоја.

Тој не ја именувал жената, ама посочил дека имала најмалку 35 години во тоа време и дека случјата е на Хаваи, кога бил на некој турнир.

Де Ла Хоја е олимписки првак од 1992 година од ЛОИ во Барселона, а во кариерата имаше 39 победи од кои 30 со нокаут и шест порази во 45 меча.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com