Македонска каратистка Пуликсенија Јованоска (28) на својот Инстаграм профил објави фотографија во бикини на која покажа дека има проблеми со депигментација на кожата, позната како витилиго.
Таа накратко до фотографијата напиша:
„Привилегија е да се биде различен. Ми беше тешко да прифатам, но сега го сакам своето тело”, открива Јованоска.
„Ти си прекрасна“, „Ние со витилиго сме посебни“, ѝ коментираа фановите и пријателите.
Инаку, Пуликсенија Јованоска го освои деветото место во кати на дебитантскиот настап на карате спортот на Олмписките игри во Токио. Таа е првата македонска каратистка што воопшто се натпреварувала на Олимписки игри.