Оние што примиле две дози, а прележале Ковид-19 не би требало да примат трета доза, ако оваа држава би ги признала основите на науката дека тие имаат имунитет, вели микробиологот д-р Никола Пановски за емисијата „Жешко политичко лето“.
Тој информира дека по 6-8 месеци, имунитетот со Фајзер или Модерна е намален, особено кон делта сојот.
-Кај нас е проблемот што имаме и кинески вакцини, затоа што и после вакцинирањето со „Синофарм“, опаѓаат антителата. Таквите лица, треба да примат Фајзер или некоја друга, ако првата не донела антитела. За месец дена, тие што се вакцинираа на пролет, ќе треба да размислуваат за трета доза – вели Пановски и додава:
Не сум сигурен што не чека, но веројатно по недела-две повторно ќе продолжат со онлајн настава, ако оди ситуацијата вака.
Тој наведува дека во средните училишта каде што има по 34 деца во клас, треба да имаме поделби на смени и веројатно тоа ќе се случи.
-Мое искуство е дека помладите деца се подициплинирани, така да кај средношколците не знам колку ќе носат маска, особено кога ќе го нема наставникот. Сметам дека средношколците кои се 3-та и 4-та година веќе се имунизирани, затоа што имаа толку многу контакти во претходниот период, откако што ќе имаат во училиште, потенцира Пановски.