Доктор Харис Бабичиќ по потекло од Македонија кој неколку години работи на Каролинска институтот во Стокхолм, со пост на својот Фејсбук профил се прашува дали во државава институциите имаат протоколи за лекување КОВИД-19
“Година и пол помина, мене се уште не ми е јасно дали во државава институциите имаат протоколи за лекување КОВИД-19…
Не водам евиденција, но вака одоковно на една третина до половина од луѓето со КОВИД-19 од Македонија со кои контактирам им биле препишани ненормални дози на ивермектин во комбинација со панцеф и/или моксирал и/или азитромицин. За вирусна болест, кршејќи ги сите принципи на медицина базирана на докази.
Па се прашувам што прават Министерството за здравство и Лекарска Комора… Има ли некаков ред и дали оние ликови кои ги пропагираа, воведоа и спроведоа овие пристапи во лекување ќе излезат да објаснат по кој основ ги вовеле?И дали некој од нив некогаш ќе одговара бар морално за вакви грешки?“напиша д-р Бабичиќ.