На инфективното одделение на велешката болница, утринава на 54-годишна возраст почина велешанецот Ристе Гиовски, сопственик на стационарот за кучиња Гиовски тим.
-Гиовски се бореше со тешка болест, а пред десетина дена на својот Фејсбук профил објави дека се заразил со Ковид-19 и дека е хоспитализиран во велешката болница. Од велешката болница за Батали.нет потврдија дека утрово на одделението за инфективни болести починал пациент од ковид-19, не откривајќи го идентитетот на починатиот, објави порталот Батали.нет.
Ристе Гиовски и беше познат не само на велешката, туку и на македонската јавност како еден од најдобрите дресери на кучиња.
Во својот стационар „Гиовски тим“, Ристе вдоми огромен број кучиња скитници. За Ристе дозна и светот, откако лани беше промовиран првиот македонски детски филм „Стела“, во кој една од главните ликови е шарпланинката Стела, а токму Гиовски беше нејзин дресер и пред и за време на снимањето на филмот.
Comments are closed.