Вакцинираните кои сe заразуваат со корона грешат во една работа: Српска докторка открива како да се заштитат

by Тони Зографски

Повеќето од заразените со коронавирусот кои мораа да бидат хоспитализирани не беа вакцинирани или беа вакцинирани со само една доза од вакцината.

Сепак, има и такви кои ги примиле двете дози на вакцината и сепак завршиле во болница. Оваа ситуација се случува не само во Македонија, туку и во целиот свет.

– Веројатноста вакцинираните лица да се заразат со Ковид-19, ако носат маски и ги почитуваат мерките, е многу мала – вели д-р  Татјана Аџиќ Вукичевиќ за српските медиуми.

– Сепак, треба да се има предвид дека имунитетот по првата и втората доза на вакцината трае кратко, најмногу шест месеци и затоа треба да ја примиме третата доза.

Според неа, луѓето кои ги примиле двете дози на вакцината, а потоа се заразиле со Ковид-19, не треба да ја „прескокнуваат“ засилувачката, бустер доза.

– Како и секој што го прележа Ковид -19, и по шест месеци треба да ја прими третата доза од вакцината – вели директорот на ковид-болницата во Батајница.

останати вести

Comments are closed.